![protesti praga](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/10/protesti-praga.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Полиција на коњи и во оклопни возила го преплави плоштадот на главниот град на Чешка каде околу 2 илјади демонстранти фрлаа петарди, конзерви и стаклени шишиња.
Луѓето се незадоволни поради заострување на рестриктивните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.
Во петок се забележани рекорден број на случаи 11.105, а во сабота 8.713. Минатата недела во Прага беа затворени рестораните и кафулињата, а учениците учат од далечина.