Протести во САД против рестрикциите, собири за поддршка на Трамп

Околу илјада демонстранти се собраа во понеделникот во Харисбург, главниот град на американската сојузна држава Пенсилванија, за да му дадат поддршка на претседателот Доналд Трамп и повикаа на заживување на економијата и протестираа против ограничувањето на движењето.

По собирите во десетина сојузни држави изминатиот викенд и другите планирани за подоцна во понеделникот во Калифорнија и во Охајо, овој протест е првиот поголем собир во Пенсилванија, држава во која гувернер е демократот Том Волф и којашто се смета за многу важна за исходот од претседателските избори во ноември 2020 година.

Досега протести се одржуваа во државите Вашингтон, Индијана, Калифорнија, Кентаки, Колорадо, Охајо, Пенсилванија, Северна Каролина, Минесота, Мичиген, Мериленд, Њу Мексико и Јута.

Во Пенсилванија се потврдени повеќе од 33.000 заразени со коронавирусот и 1.204 починати, и така стана четвртата најтешко погодена американска сојузна држава, но далеку зад Њујорк, Њу Џерси и Масачусетс. САД се најпогодената земја на светот во пандемијата на коравирусот со повеќе од 766.000 заразени и над 40.900 смртни исходи.

Автомобилските сирени трубече повеќе од два часа во Харисбиург, град со 50.000 жители, каде што стотици возила, меѓу кои голем број за доставување продукти, украсени со американските знамиња и слогани со поддршка за претседателот Доналд Трамп предупредуваа на губењето на работните места и загубите коиште на економијата ѝ ги нанесува ограничувањето на движењето и и го обвините гувернерот Волф дека ја користи кризата за да присвоите незаконски овластувања, како и да го донесе законот за правото на абортус. Како што истајкнуваат американските медиуми, повеќето од демонстрантите, за разлика од претходните протести ширум сад, овојпат носеле заштитни медицински маски.

Трој Томсон, портпаролот на администрацијта на Пенсилванија, го осуди протесто кој „ги доведува во прашање досега поднесените жртво во сузбивањето на епидемијата и ги изложува на опасност полицијците“ кои го обезбедувале собирот. Ги профали, напротив, „оние кои се кооперативни и остануваат дома“. „Само со такво однесување ќе можее повторно да ја покреме Пенсилванија“, порачал Трој.

Протестите со кои се бара ублажување или целосно укинување на рестриктивните мерки воведен поради ширењето на коронавирусот се прошируваат на сите делови на САД, пренесува телевизијата CNN.

Како што се наведува во прилогот, некои Американци ја загубиле можноста да заработуваат за живот поради ограничување на деловните активности. Најмалку 25 милиони Американци последните седмици по избувнувањето на пандемијата поднеле барање за надомест за невработеност.