![avstralija protest](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/11/avstralija-protest.jpg?resize=650%2C366&ssl=1)
Повеќе од илјада луѓе во саботата протестираа во најголемите австралиски градови Сиднеј и Мелбурн против владините климатски политики и стратегиите кои се понудени на климатскиот самит на Обединетите нации во шкотски Глазгов.
На провиот одобрен протест во Сиднеј по со месеци долгиот карантин поради епидемијата на коронавирусот дошле до 1.000 луѓе кои го одбележаа глобалниот ден за акција за климатска правда, глобално движење кое е покренато во текот на глазговскиот самит на COP26.
„Сите дојдовме овде за да покажеме дека бараме повеќе до нашата влада“, изјавила за Reuters Џорџија учесничка на протесто.
Демонстрантите носеа транспаренти со написи „Ни треба човечка промена, а не климатска“, „Црвен аларам за човештвото“ покажуваат снимките објавени во медиумите.
Седмицата говори на челниците на држави и влади и нивната свечена обврска на двоседмичниот собир во Глазгов, донесе ветувања за укинување на употребата на јагленот, намалување на емисиите на гасовите кои го предизвикаат ефектот на стаклена градина како метанот и запирање на дефорестацијата.
Владата на Австралија, меѓутоа, го отфрли глобалното ветување за намалување на емисиите на метанот, а демонстрантите и активистичките групи не беа импресионирани обврските од другите светски челници.
„Договорите на COP26 се случија и моментиални тоа не исзлезе најдоброто за Австралија“, додала Џорџија која демонтрирала во Сиднеј а сакала да го открие само своите име, додава Reuters.
Протестот во Мелбурн бил помал од протестот во Сиднеј и се појавиле само неколку стотици луѓе главни на велосипеди и маскирани во скелети, а можела да се види и гигантска коала како издивнува облаци чад. Неколку помали слични настани се одржани и на други места во Австралија.