Поради најавени два протеста во Скопје денеска од 10,30 часот етапно ќе бидат затворени за сообраќај булевар „Гоце Делчев” на потег од улицата „Беласица” кон булевар „Илинден“ и булеварот .„Илинден” на потег од булеварот .„Гоце Делчев” до булеварот „Свети Климент Охридски”.
Почнувајќи од 13,30 од плоштад „Скендербег“ до канцеларијата на ЕУ, етапно ќе бидат затворени за сообраќај булеварите „Гоце Делчев”, „Илинден” и „Свети Климент Охридски”.
Полицијата апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници како и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.