Илјадници пропалестински демонстранти маршираа во Менхетен доцна во четвртокот извикувајќи „Од реката до морето, Палестина ќе биде слободна“ и „Израел не можеш да се сокриеш, те обвинуваме за геноцид. Израел што велиш? Колку деца уби денеска?“.
Демонстрантите го блокираа повеќе локации во Менхетен.
Демонстрациите беа насочени и кон американскиот претседател Џо Бајден поради неговата позиција за поддршка на Израел и воената помош што му беше доставена од избувнувањето на војната.
Без американска поддршка, без поддршка од САД политички, финансиски, во медиумите и на многу други начини, палестинскиот отпор одамна ќе го поразеше Израел“, рече Нердин Ксвади, еден од организаторите на Маршот до Њујорк Пост.
Посебна група од околу 1.500 луѓе маршираа во „погребна поворка за децата кои беа убиени во Газа“. Тие беа облечени во црно и тивко маршираа, носејќи 500 кукли кои ги претставуваат мртвите деца, и ги ставаа на средината на Тајмс Сквер, за да ги илустрираат децата убиени од Израел во Појасот Газа.