Протестот чини многу помалку од штетата која СДСМ и ДУИ нѝ ја прават секој ден!

Пратеникот Миле Лефков одговори на прозивката од СДСМ, дека вчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ, партијата ја чинел 300.000 евра.

Лефков рече цената на чинење на протестот е неспоредлива во однос на еден ден на крадење на владата на Ковачевски. Тие две работи се неспоредливи затоа што не можат да се споредуваат со само еден ден криминалното работење на оваа влада.

– Тој протест драматично чини помалку од златните виљушки кои ги користи Ковачевски во владата. Тој драматично чини помалку од само ден крадење во РЕК Битола, чини помалку од еден распишан и спроведен тендер за ископ на јаглен на фамилијата и на кланот кои се на власт и поради која народот плаќа секој ден поскапа струја. Така да, протестот чини многу помалку од штетата која СДСМ и ДУИ ни ја прават секој ден. Овој протест е неминовност и е нужност за СДСМ и ДУИ да си заминат од власт и конечно народот да си ја земе државата во свои раце. Уште еднаш ќе кажам, да не се прават вакви споредби, нека се охрабрат, ајде да одиме на избори! – рече Лефков.