Протестот против употребата за терминот „Македонија“ во кое било решение за името што требаше да се одржи во Атина на 4 февруари ќе се одржи во Пиреја, пишува грчки „Катимерини“.
Весникот пренесува дека во официјалното известување, организаторите кои стојат и зад протестот што се одржа во неделата во Солун, не сакале да предизвикаат сообраќаен хаос во центарот на Атина со одржување на протестот на централниот плоиштад Синтагма.
Сепак, според информациите на кои се повикува „Катимерини“, местото на одржување на протестот е сменето од безбедносни причини, бидејќи организаторите стравувале од судири меѓу демонстрантите, од кои многу наводно припаѓаат на националистичкиот камп и самонаречените анархисти.