![pic_1358802344](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/07/pic_1358802344.jpg?resize=340%2C255&ssl=1)
Француското обвинителство подигна официјално обвинение за корупција на поранешниот француски претседател Никола Саркози.
Поранешниот шеф на државата е обвинет за давање на поткуп, употреба на службената положба за лични цели и во криење на факти i за прекршување на трговска тајна.
Обвинителството се сомнева дека Саркози го употребил своието влијание да добие информации во процесот кој се води заради нерегуларно финансирање на неговата претседателска кампања од 2007 година, кога победи, пренсе Ројтерс.
Ова е втор пат десничарот Саркози да се најде под истрага од како го изгуби претседателскиот имуниет во 2012 година, кога на изборите победи Франсоа Оланд.
Саркози ги негира обвинувањата. Според законот на Франција, да се биде под официјална истрага значи дека „постојат сериозни и цврсти докази“ за најверојатна вмешаност на осомничениот во недозволени дејствија.
Ваквата одлука е донесена после 15 часовното испитување на Саркози, што е прв случај поранешен француски шеф на државата да се одведе во притвор заради кривична истрага.
Саркози беше уапсен во вторникот наутро и беше однесен на сослушување во предградието Нантер, каде беше сослушан. Сослушувањето траело околу 15 часа
Подоцна во текот на ноќта беше пренесен тајно во Париз на разговори со судија.