Противниците на маските формираа човечки синџир на германско-швајцарската граница

Илјадници луѓе формираа во саботата на германско-швајцарската гранциа човечка верија во знак против рестриктивните мерки поврзани со пандемијата, проследни со засилени полициски сили,

Во текот на триесетина минути, демонстрантите мирnо се собрале кај езерото Констанц, на тромеѓето меѓу Германија, Швајцарија и Австрија. Меѓусебно се поврзале со шалови, парчиња ткаенина или јажиња и човечкиот синџир се протегал од двете страни на границата меѓу Германија и Швајцарија којашто минува низ парк, пренесува агенцијата AFP.

Агенцијата наведува дека имало значително многу поналку од 15.000 најавени учесници од германската страна, кои предвидувале да го опкружат езерото сѐ до Австрија, а телевизијата N-TV и претходно коментираше дека тоа е „многу, многу тешко да се постигне“, делимно и поради лошите временски прилики во областа.

„Убедена сум дека вирусот не е толку опасен“, рекла 55-годишната Естер за AFP. Нејзина 51-годишна истомисленичка Ела која исто така учествувала на протестот рекла дека „Луѓето мора да размислат малку подобро и да не се плашат од природата, бидејќи вирусите и бактериите се дел од природата“.

Полицијата оцени дека „илјада луѓе учествуваат во областа Констанца“ и дека ситуацијата е мирна освен неколкуте помали инциденти.

Оваа манифестација е одржана на иницијативата на „Слободните мислители“, мешовита групација од противниците на мерките поврзани со пандемијата на коронавирусот, противници на вакцинацијата, приврзаници на теориите на заговорот итн. Тие веќе одржаа две протестни масовни манифестации летово во Берлин, од која една заврши со инциденети кои ја шокираа Германија.

Биле предвидени седуманесет собири или поворки во текот на денот во Констанца, но попладнето полицијата наведе дека собирите не се одржале или оти имале многу помалку учеснции од најавеното.

За во недела се најавие 12 собири во центарот на градот, но од градските власти истакнуваат дека тие не се организирани на иницијатива на противниците на носењето заштитни маски, туку за да се изрази солидарност во време на светската пандемија. На овие манифестации се собираат противниците на вакцинитањето, грашани кои се загрижени за губењето на човековите права и слободи поврзани со рестриктивните мерки воведени во врска со Covid-19, но и со сѐ повеќе симпатизери на крајната десница.