Противниците на талибаните заземале три округа

Силите коишто се борат против талибаните на северот на Авганистан објавија во саботата дека заземале три округа во близина на долината Панџшир каде што се концетрираа остатоците од владините сили и други етно-конфесионални милиции.

Министерот за одбрана Бисмила Мохамади, кој вети дека ќе се бори против талибаните, објави на Twitter дека успеале да ги заземат окрузите Дрх Салех, Бано и Пул-Хесар во соседната покраина Баглен, северно од Панџшир.

Талибаните досега ниту се обидоа да влезат во оваа долина, за којашто се наведува дека е пола со останки од советски оклопни возила уништени во борбите пред повеќе од три децении.

Засега не е познато кои сили учествувале во овие операции, но веста укажува дека сепак има споредични отпори на талибаните кои со ненадејното настапување ја преземаа контриолата врз сите поголеми градови во Авганистан за само една седмица.

Поранешниот потпретседател Амрула Салех и Ахмад Масуд, синот на поранешниот командант на муџахедините кои се пореа против СССР Ахмад Шаха Масуд, ветија дека ќе се порат против талибаните од Панџшир од каде во 1980-те беа потиснати од советите а потоа во 1990-те и од талибаните.

Блиски соработници на Масуд тврдат дека во долината се собрале повеќе од 6.000 борци, остаток од војската и специјалните сили, како и локалните милиции. Располагаат со неколку хеликоптери и борни возила и попрвиле уште неколки оклопни возила оставени од времето на советската инвазија. Меѓутоа, тие бараат од западните земји поддршка во дополнително оружје и муниција.

Меѓутоа, западните дипломати и други коментатори се скептични во врска со способноста на овие борци да организираат ефикасен отпор против талибаните, во прв ред поради изостанувањето на надворешна помош.