Протокол за поефикасна заштита на децата жртви на насилство

Децата жртви на насилство во земјава ќе бидат опфатени со нова јасно воспоставена процедура и взаемна соработка на сите надлежни институции кои треба да  овозможат нивна социјална, здравствена и психолошка нега.

Досега, за стручните служби кои постапуваа во вакви случаи, не постоеше строго утврден протокол. Сега се скратува времето на делување на службите, кои во рок од 24 часа мораат да обезбедат  соодветна заштита на децата жртви на насилство и децата сведоци. Исто така, со зајакнување на соработката меѓу инволвираните институции, би се избегнале моментите на повеќекратно поединечно испрашување на децата сведоци на кривично дело и злоупотреба, со цел избегнувае на дополнителна траума.

Овој модел на УНИЦЕФ како пилот иницијатива почнува да се спроведува во Скопје, Гостивар и Квадарци и утврдува правила на функционирање на стручните органи, кои имаат тенденција да прераснат во законска регулаива. Воедно, ќе се обезбеди систем на заштина на децата кои како сведоци мораат да се појават на суд.

Претставникот  на Уницеф, Бертран, Демулен, посочи дека иидејата за формирање на јасна процедура при детектирање и заштита на децата жртви на насилство, потекнува,  пред се’,  од воочениот недостиг на комуникација на инволвираните стручни служби.

Новиот протокол за постапување при заштита на децата е подготвен од Национално координативно тело за спречување, злоупотреба и занемарување, со кое што раководи Министерството за труд и социјална политика.

decaaaaa

Според  д-р, Марија Ралева, од Универзитетската клиника за психијатрија, поради недостигот на утврдена задолжителна процедура за соработка на сите професионални служби инволвирани во процесот на заштита на децата, не секогаш навремено се реагирало, а децата често се губеле во лавиринтите на системот.

„Очекуваме изготвената поцедура понатаму да се преточи во закон. Ова е почеток, со кој се предвидува брзо отстранување на факторот на злоупотреба и сместување на детето на безбедно место, доколку тоа е потрено. Но, факт е дека се соочуваме со недостиг на згрижувачки капацитети за децата, нема многу згрижувачки семејства, прифатилишта. Нема шелтер центри. Овој протокол, понатаму  треба да алармира за формирање на вакви центри“, вели Ралева.

Проектот за воведување на нов модел и прецизен протокол за делување на службите во случаи на деца жртви на насилство  и деца сведоци, стартува под иницијатива на Министертсвото за труд и социјална политика. А, заеднички се опфатени и Министертсвото за внатрешни работи, Министертсвото за здравство, Министертсвото за правда, Министерството за образование, невладиниот сектор, „Меѓаши“ , „Уницеф“ и Светската здравствена организација.