Протокот на рускиот гас преку Северен тек 1 стабилен, преку Јамал-Европа зголемен

Протокот на рускиот гас преку гасоводот Северен тек 1 од Русија во Германија во понеделникот останал стабилен, додека преку гасоводот Јамал-Европа од Русија до Германија и Полска е благо зголемен, покажуваат податоците на операторите.

Според податоците на веб-страницата на операторот со Северен тек 1, компанијата „Nord Stream AG“, физичкиот проток на гасот во понеделникот претпладнето изнесувал 29,28 милиони киловатчасови по час, во однос на околу 29 милиони киловатчасови во неделата.

Преку Северен тек 1, кој се протега по дното на Балтичкото Море од Русија до Германија, повторно во четвртокот беше продолжена испораката на гасот по десетдневниот прекин поради редовното годишно техничко одржување, но гасоводот работи со само 40 отсто од вкупниот капацитет.

Германската компанија „Siemens Energy“ конечно во неделата на рускиот гасен гигант „Газпром“ му ја предал техничката документација од Канада, којашто го овозможи транспортот на турбината за Северен тек 1, која беше дваесеттина дена заглавена поради западните санкции против Русија поради војната во Украина.

Ремонтираната гасна турбина ќе биде инсталирана на станицата „Полтоваја“ на гасоводот Северен тек 1 која ќе се врати од одржувањето, а гасот тогаш ќе биде испорачуван во „соодветните количества“, изјави во понеделникот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, но не можел да каже дали испораките ќе бидат зголемен, истакнувајќи дека и другата опрема ќе треба да биде на одржување.

Протокот на рускиот гас преку гасоводот Јамал-Европа од Германија на исток кон Полска во понеделникот претпладнето бил благо зголемен, покажаа податоците на операторот со овој гасовод „Gascade“. Излезниот проток на мерната точка Малнов на германската граница изнесувал 3.058.988 киловатчасови, во однос на нивото од околу 2.800.000 киловатчасови во неделата.

Количеството руски гас кој се транспортира преку Украина во Словачка преки граничната точка Велика Капусани останала во понеделникот непроменето во однос на претходниот ден, односно изнесувала 36,8 милиони кубни метри гас на дневно ниво, според податоците на украинскиот оператор.

Од „Газпром“ објавија дека снабдувањето на Европа со гас преку Украина на влезната точка Суџа во понеделникот изнесувала 41,7 милиони кубни метри, во однос на 41,2 милиони кубни метри гас во неделата. Објавија, исто така, дека Украина го одбила барањето за испорака со гас преку влезната точка Сокграновка.,

Во меѓувреме извори од Брисел објавија дека Европската унија сака да договори дополнителни испораки на гас од Нигерија, подготвувајќи се за можно прекинување на испораките од Русија, според најавата од викендот на Општата управа на Европската комисија за енергетика.

Европската унија 14 отсто од својот увоз на течен гас го намирува со увоз од Нигерија, а постои потенција тоа количество се зголеми за повеќе од двојно. Минатата 2021 година Нигерија извезла 23 милијарди кубни метри гас во ЕУ, што е помалку од половината од на пример вкупниот капацитет на Северен тек 1, но последните години тој увоз се намалувал. Имено, во 2018 година ЕУ од Нигерија купила 36 милијарди кубни метри од течниот гас.