„Проукраинска“ група одговорна за експлозиите на Северен тек, сугерираат американски разузнавачи

Новите разузнавачки податоци кои ги прегледале американски функционери сугерираат дека минатогодишниот терористички напад во со експлозии беа кренати четирите цевководи од гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2 ги извела „проукраинска група“, пишува весникот The New York Times, а синхроинизирано истовремено се огласи и германскиот весник Zeit со штури информации од германската истрага.

Ова е првпат американските водечки медиуми воопшто да ги споменуваат експлозиите во Балтичкото Море минатиот септември, откако американскиот истражувачки новинар Сејмур Херш објави многу детални податоци кои потекнуваат од очевидец на плановите, дека зад саботажата на гасоводите со кои евтиниот руски гас се испорачуваше во Германија и Европа стои администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден,

„Нема докази дека во операцијата биле вклучени украинскиот претседател Володомир Зеленски или највисоките украински функционери, ниту дека сторителите дејствувале според упатства ка кој и да е функционер на украинската влада“, објави NYT цитирајќи американски разузнавачки функционери.

Изостанува објавувањето како таа групација којашто дејствувала независно успеала да ангажира исклучително обучени нуркачи со искуство за подморско поставување експлозиви, а уште повеќе за ретката и софистицирана опрема за подводни активности на големи длабочини.

Агенцијата Reuters не може да независно да ги провери извештаите, а американските функционери не биле достапни за коментар. Агенцијата тврди дека и претставници на Киев и Москва, исто така, не биле достапни.

Во наводниот разузнавачки извештај кој повеќе изгледа смешен се сугерира дека оние кои го извеле нападот се противници на рускиот претседател Владимир Путин „но не прецизира кој се членовите на групата, ниту кој го наредил нападот или ја платил операцијата“, пишува NYT.

„Американски функционери одбија да го откријат карактерот на разузнавачките податоци, како до нив било дојдено, ниту како и да се детали за силата на доказите кои ги содржат. Рекоа дека за тоа нема цврсти заклучоци“, пишува NYT.

САД и НАТО ги нарекоа нападите на гасоводот во септември 2022 година „акт на саботажа“, а Русија го обвини Западот и како и Кина го повика Советот за безбедност на Обединетите нации да спроведе независна истрага.

 

Германците го идентификувале бродот

Германската истрага го идентификувала бродот кој би можел да биде вклучен во експлозиите на гасоводите Северен тек, а трагите водат кон Украина, пишува во вторникот германскиот весник Zeit, во се чини синхорнизирана медиумска операција на западните разузнавачки служби.

Според написот, бродот кој е осомничен дека е инволвиран во операцијата со којашто Германија и дефинитивно остана без можноста да добива евтин гас од Русија бил изнајмен во Полска, а нарачателите на саботажата не биле идентификувани.

Компанијата сопственик на бродот припаѓала на Украинци, се додава. Траги од експлозиви биле пронајдени на бродот кој наводно бил користен за минирањето на четирите цевководи.

Како што е прецизирано, станува збор за јахта која била изнајмена од компанија со седиште во Полска. Веројатно, фирмата им припаѓа на двајца Украинци. Според истражителите, саботажата ја извршила екипа од шест лица. Нивната националност не можела да биде утврдена, а се знае дека користеле лажни пасоши.

Според германскиот весник, една неименувана западна разузнавачка служба уште есента 2022 година пријавила дека украинска група е одговорна за минирањето на Северен тек 1 и Северен тек 2.

 

Што напиша Херш?!

Нуркачи на американската воена морнарица минатото лето ги поставиле експлозивните направи под четирите цевководи на гасоводите Северен тек 1 и 2 во Балтичкото Море кои Норвежаните ги активирале три месеца подоцна конечно прекинувајќи ги испораките на рускиот гас во Германија, објави на својот блог на почетокот од февруари добитникот на престижната Пулицерова награда за новинарство Сејмур Херш, повикувајќи се на запознаени извори, а Белиот дом коментираше дека станува збор за „лага“.

„Минатото лето, нуркачите на воената морнарица, кои оперирале под покритието на вежби на НАТО познати како Baltops 22, поставија експлозивни направи на далечинско активирање кои уништија три од четирите цевководи на Северен тек три месеца подоцна“, пишува Херш.

Во продолжение наведува, повикувајќи се на својот извор за кој наведува дека е „осведочен“, дека авиони на воената морнарица на Норвешка на 26-ти септември исфрлиле хидролокатор кој ги активирал експлозивните направи.

Како што се наведува натаму во написот, американскиот претседател Џо Бајден донел одлука за изведување на саботажата на гасоводите Северен тек по деветмесечни исклучително тајни дискусии во рамките на заедницата за национална безбедност во Вашингтон.

Уште ланскиот септември кога беа објавени експлозиите на гасоводите Северен тек во територијалните води на Данска на дното на Балтичкото Море, медиумите потсетија на изјавата од 22-ри февруари 2022-ра, два дена пред почетокот на руската инвазијата, во којашто американскиот претседател Џо Бајден се закани дека доколку Русија ја нападне Украина „нема да има ништо“ од руско-германскиот гасовод Северен тек 2, но тогаш не појасни како би осигурил гасоводот кој веќе беше завршен и го чекаше последното одобрување од германскиот регулатор да не биде ставен во функција.

„Ако Русија нападне… повторно, нема да има ништо од Северниот тек 2. Ние ќе завршиме со тоа“, порача тогаш Бајден обраќајќи се на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц во Вашингтон.

„Во текот на тие дискусии главното прашање беше како да не се остават докази“, истакнува Херш.

Барајќи коментар од Белата куќа, новинарот од портпаролката Адриен Вотсон добил одговор дека „ова е лага и целосна измислица“, а од друга страна портпаролката на Централната разузнавачка агенција (CIA), Тами Торп, дала речиси идентичен одговор, пишува Херш.

Новинарот, исто така, додава и дека во организирањето на саботажата бил вклучен и советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џејк Саливан, кој по налог на Џо Бајден формирал меѓуагенциска група за разработување на планот, а во декември 2021 година свикал нејзин состанок.

Американската воена морнарица, од своја страна, пак, предложила да се користи подморница за напад врз двата гасоводи Северен тек, а американските воздухопловни сили предложиле користење бомба со далечински детонатор.

Херш продолжува дека на почетокот од минатата 2022 година работната група на CIA на меѓуагенцискиот тим воден од Саливан му го соопштила следното „Имаме начин како да ги кренеме во воздух гасоводите“.

„Во март, неколку членови на тимот (од САД) отпатуваа во Норвешка за да се сретнат со претставници на норвешката тајна служба и на морнарицата. Едно од клучните прашања беше каде точно во Балтичкото Море би било најдоброто место за поставување на експлозивите“, пишува наградениот новинар на својата веб-страница Substak креирана само неколку часа пред објавувањето на написот.

Херш додава дека на тој состанок претставниците на воената морнарица на Норвешка го пронашле местото и предложиле да го постават експлозивот во текот на вежбите на НАТО под кодно име Baltops 22. Американските претставници, од своја страна, во програмата за маневрите го додале увежбување за подводно минирање и деминирање во близина на местото на подоцнежната саботажа.

Агенцијата Reuters своевремено објави дека разузнавачки авион на американската морнарица прелетал над Балтичкото Море во близина на местото на инцидентот со руските гасоводи Северен тек 1 и 2, само неколку часа по истекувањето на гасот. Разузнавачки авион на американската морнарица, кој Вашингтон го опиша како рутински лет, прелетал во близина на местото на оштетувањето на Северен тек 2 во Балтичкото Море неколку часа по појавата на првото истекување на гасот.

На крајот од октомври беше објавено дека од 1-ви до 3-ти септември, хеликоптер на американската воена морнарица кружел околу данскиот остров Борнхолм, каде што подоцна е воочено истекувањето од цевководите. Покрај тоа, американски летала прелетале над гасоводите на 10-ти и 19-ти септември, и ноќта од 22-ри на 23-ти септември и ноќта од 25-ти кон 26-ти септември. Во сите случаи траекториите на американските воени летала упатуваат дека станува збор за извидувачки летови или прелети над конкретниот дел од акваториумот. Во медиумите беше наведено дека патеките на хеликоптерите кои извеле ноќен прелет на 23-ти и на 26-ти септември имале „збунувачки патеки“.

 

Истрагите на Данска, Швеска и Германија

Данска во октомври објави дека прелиминарната истрага покажала дека истекувањето од крајот на септември од гасоводите биле предизвикани од силни експлозии. Германија, исто така, спроведе своја истрага, за четирите отвори на гасоводите на Северен тек 1 и 2 кои ги поврзуваат Русија и Германија по дното на Балтичкото Море, и кои станаа жртви и ново жариште на украинската криза.

Во објавата на шведското обвинителство се нагласува дека во текот на увидот на местото на инцидентот во Балтичкото Море, бил собран голем број докази и сѐ што е најдено во областа било внимателно документирано. Експертизите покажуваат траги од експлозив на неколку од пронајдените туѓи предмети. Се одвива прелиминарна аналитичка работа за да се добијат попотврдени заклучоци за инцидентот, беше соопштено тогаш во Стокхолм.

Недостасуваат најмалку 50 метри од гасоводот Северен тек ѝ, извести на 18-ти октомври лани шведскиот дневен весник Expressen, откако првпат ги објави снимките од оштетувањата направени со подводен дрон.

Британската страна и по речиси цели четири месеци сѐ уште не одговори на објавите од Москва откако се појавија пораки во врска со тоа од поранешната британска премиерка Лиз Трас до американскиот државен секретар Ентони Блинкен веднаш по експлозиите и додека ниту европските сојузници ниту медиумите сѐ уште не знаеја воопшто за инцидентот па ниту за причината која довела до него.

Западните онлајн медиуми, вклучително и популарната американска онлјан платформа Reddit и порталот 19FortyFive, отворија дискусии за тврдењата на основачот на услугите за споделување датотеки Megaupload и Mega, Ким Дотком (Ким Шмиц), дека поранешната британска премиерка Лиз Трас наводно веројатно испратила порака до американскиот државен секретар Ентони Блинкен со текстот „‘it’s done’ (готово е/ сторено е)“ веднаш по инцидентот.

„Како Русите дознаа дека Британија ги разнесе гасоводите Северен тек задно со САД? Затоа што Лиз Трас го користеше својот iPhone за да му испрати порака на Блинкен во која се наведува ‘Сѐ е сторено’ една минута по експлозијата на гасоводот и пред некој друг воопшто да знае за тоа“, објави Дотком (Шмиц) на својот профил на Twitter.

Претприемачот притоа тврди дека информацијата дошла не од тој телефон на Трас, кој според медиумите бил хакиран. Дотком, исто така, досега не појасни од каде ја поседува информацијата и на што се заснова неговото тврдења.

Сомнежите за саботажа на гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2 во шведските и данските води на Балтичкото Море се засилија во втората седмица на октомври минатат година откако шведската безбедносна полициска агенција SAPO го заврши увидот на местото на инцидентот и во соопштение за медиумите извести дека експлозии предизвикале значителна штета на цевководите.

Од првите часови по полноќ кон 26-ти септември беа објавени четири истекувања, две во данските и две во шведските територијални води, откриени на гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2, со кои гасот од Русија се испорачуваше во Германија, односно на пазарот во Европа. Сеизмолошките заводи на Шведска и Данска измериле потреси со магнитуди од 2,3 и 2,1 степени по Рихтер, оценувајќи дека „веројатно одговара на експлозивен набој од неколку стотина километри тротил“.

Сејмур Херш неколку часа по објавувањето на текстот за руската агенција РИА го потврдил своето авторство на споменатиот истражувачки напис за експлозиите на Северен тек, но одбил да каже поединости од своето истражување за инцидентот, како и да открие поблиску кои биле неговите извори.

Повикувајќи се на текстот објавен на Substack, линк на својот профил на Twitter објави американскиот истражувачки новинар Мет Таиби.

Семјур Херш е еден од најпознатите американски новинари кој се прослави во 1969 година со објавата на големата истрага за масакрот извршен од американските војници во Сонгми во Виетнам, за што ја доби Пулицеровата награда. Во 1970-те Херш пишуваше опширно за скандалот со прислушување на политичките опоненти „Вотергејт“ поради што оставка поднесе тогашниот претседател на САД, Ричард Никсон, а во 2004 година го објави написот кој предизвика глобален интерес за злоставување на затворениците во затворот Ал Граиб.