Четирите политички партии, потписнички на договорот од Пржино, се договорија да испратија писмо со кое што ќе се апелира до Советот на јавни обвинители во најкус можен рок да закаже седница на која ќе се расправа и ќе се поддржи предлогот на Специјалниот јавен обвинител за избор на целиот нејзин предложен тим.
Партиите во писмото испратено до Советот на јавни обвинители и до Уставниот суд, бараат Советот в понеделник да ги избере останатите седуммина обвинители од предлогот на Јанева.
Постигнатиот договор го потврди и олеснувачот во преговорите во работните групи Питер Ванхауте.
Претходно, владејачаката ВМРО-ДПМНЕ соошти дека за да не се случи повторно СДСМ да го бликира договорот и да не се откаже од најавените избори, тие ја дале иницијативата за писмото.
ВМРО-ДПМНЕ го чувствува стравот од избори кој го има во СДСМ, како и сите напори на СДСМ да го напушти процесот и да избега од изборите. Затоа ВМРО-ДПМНЕ силно се залага за одржување на фер и демократски избори на 24 април 2016 година на кои народот ќе ги казни антидржавните политики на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Советот на јавни обвинители претходно избра само седум од 14 кандидати што ги предложи Јанева за во нејзиниот тим, а СДСМ експресно соопшти дека нема да продолжи со преговорите се додека не се избере целиот тим на Специјалната обвинителка.