Годинава треба да биде избран изведувач на првите две делници за пругата кон Бугарија и да има прогрес на работите на терен, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Според него, се работи и на обезбедување пари и за почеток на третата фаза.
– За пругата кон Бугарија, согласно со одлуката од Владата, првата и втората делница ги споивме во едно и веќе се работи на претквалификација и барање заинтересирани изведувачи кои ќе работат на овие две делници Куманово – Бељаковце и Бељаковце –Крива Паланка за кои се обезбедени финансии во најголем дел од грантови – рече Бочварски по увидот на работите за изградба на гасоводот Скопје – Гостивар.
Според информаците од раководството на МЖ Инфраструктура, во претквалификациксата фаза за првите две делници се доставени 20 апликации од меѓународни конзорциуми, а до крај на месецов треба да се финализира листата со тие кои ќе учествуават со финална понуда на тендерот, по што во рок од 90 дена треба да се изврши изборот.
За следната фаза од Крива Паланка до граница со Бугарија веќе се обезбедени 60 милиони евра, а целата чини над 400 милиони евера.
– Вчера со одлука на Владата помина информација со која Македонски железници Инфраструктура ја продолжува постапката за апликација за обезбедување дополнителни средства како грант за оваа трета фаза преку WBIF. Toa значи дека веќе се подготвуваме со сите предфази да обезбедиме средства за сериозно почнување на третата фаза, а очекуваме во текот на годинава да биде избран изведувач за овие први две делници, така што очекувам и прогрес во текот на оваа година со нов изведувач на терен – рече Бочварски.