Првиот хомосексуален брак е склучен во Албанија.
Станува збор за двајца Британци кои подолг период живеат и работат во Албанија. Доналд Холдер и Мајкл Креан бракот го склучиле во британската Амбасада во Тирана.
Нивниот брак е прв кој јавно се склучува во Албанија меѓу две лица од ист пол.
На церемонијата присуствувале и двајца претставници на ЛГБТ заедницта од Тирана.