Средата велат е среќен ден. Доказ кој оди во прилог на оваа убава теорија е првиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на Државна видеолотарија на РМ. Добивката вредна 1.344.472 денари е освоена во клубот Сенатор во Скопје, а среќниот играч ја освои вчера, на 15.06.16.
Македонскиот шампион во автомобилизам, Игор Стефановски Иџе, заедно со екипата на Државна видеолотарија на РМ му го додели чекот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, во вредност од 1.344.472 денари на среќниот играч Ивица А. од Скопје.
Тој возбудено ни раскажа дека во потрага по забавата, со влог од 30 денари стаса до оваа одлична добивка. Неговото семејство со задоволство веќе го изготви планот како ќе бидат потрошени среќните пари.
„Забавата продолжува со нов предизвик за добивки“- ни изјави првиот човек на Државна Видеолотарија на РМ, Дане Кузмановски. Тој додава дека од почетокот на активирањето на добивките ЏЕК ПОТ, кај деловните соработници на Државна Видеолотарија на РМ, на први јуни годинава, досега се освоени 199 МИНИ ЏЕК добивки, плус најочекувана добивка МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, која е освоена вчера, а е вредна 1.344.472 денари. Ова е фантастична прилика за забава и можности за добивки, за сите кои сакаат игри на видеолотариските терминали.
Само за потсетување, добивките ЏЕК ПОТ се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000 до 1.500.000 денари.