Дрскост од колосални размери – секогаш арогантниот прв човек на Али Ахмети Артан Груби се всели во новата зграда на најбезработното министерство на „државниот празник“ – Роденденот на водачот, пишува Република.
Поголема чест не можеше да му направи освен, по „сите протоколи” да му организира прослава „Короната е умрено, уриме Али!“
А ако ви бодат очи голите лица на функционерите на ДУИ – не замерувајте, во кафеана се. И така се работи за министерство во кое од 1400 вработени на работа одат само 400. Е сега, тоа што се 15 на маса наместо по четворица… па ни министерот за здравство не ги почитува протоколите… што би рекол Заев, рибата смрди и од опашката, но ние би додале, и од главата и од опашката, пишува Република.
На големиот настан присуствуваат министрите и заменици-министри од ДУИ, а тоа пак е одлична можност да видиме кој владее во владата на Заев. Ако ништо друго по број. А кој има број, има и глас.