Општина Бутел беше покровител на првиот новогодишен турнир во фудбал под мотото „Спортска навика – здрава младина”.
Градоначалникот Дарко Костовски истакна дека обезбедиле квалитетни услови за игра, медали и пехари, и новогодишни пакетчиња и благодарница за секој учесник.
„Овие два дена Општина Бутел беше домаќин во спортската сала “Антон Димитров” на над 200 дечиња од цело Скопје кои низ фудбалската игра се дружеа и забавуваа пред претстојните новогодишни празници. Голема благодарност до ФК Бутел како технички организатор на овој убав турнир, се надеваме дека овој настан ќе прерасне во една убава традиција. Општина Бутел и јас како градоначалник ќе бидеме постојани партнери на младите и секогаш ќе го срдечно ќе го поддржуваме спортот“, вели Костовски.