![210819115436-greenland-icecap-0828-file-restricted-exlarge-169](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/08/210819115436-greenland-icecap-0828-file-restricted-exlarge-169.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Првпат откако се врши мерење, врнеше дожд а не снег на еден замрзнатите врвови на Гренланд на надморска височина од 2.600 метри.
Температурите на гренландскиот врв во текот на изминатиот викенд биле над нулата, третпат за помалку од десетгодини, пренесе CNN.
Топлиот воздух донел силен дожд, наврнале седум милијарди тони вода на заледената површина.
Ова биле најголемите врнежи на врвот на Гренланд откако почнале мерењата во 1950 година, според податоците на американскиот Државен центар за снег и мраз. Количината на мразот кој е изгубен во неделата е седум пати поголема од дневниот просек за овој период од годината.
Научниот од Центарот изјавил дека ова е доказ дека Гренланд забрзано се загрева.
„Она што се случува не е само топла декада или две во необичен климатси шаблон. Ова е без преседан“, истакнал Тед Скамбос за CNN.