Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот нов украински колега Владимир Зеленски, разговарале за конфликтот на истокот во Украина, во текот на својот прв телефонски разговор, соопшти денеска Кремљ.
Тие разговарале и за прашања поврзани со решавање на конфликтот на југоисток во Украина, како и за заедничка работа за враќање на затвореници на двете страни, рече Димитриј Песков, портпарол на Кремљ.
Во понеделникот Зеленски предложи состанок со Путин за да се реши кризата меѓу двете земји, притоа предложи разговор во кој би учествувале и лидерите на САД и Британија.
Песков рече двајцата лидери телефонски разговарале и за можноста за продолжување на контатктите во облик на форматот од Нормандија.
По тој дипломатски формат од 2014 година комуницираат претставниците на Париз, Москва, Киев и Берлин во врска со прашањето за војната во Украина.