
Првиот меѓународен Симпозиум за первазивни развојни нарушувања „Научни достигнувања во функција на практиката“ ќе започне денеска во Струга.
На симпозиумот ќе се разговара за клиничките стратегии и трендови во рехабилитацијата на первазивни развојни нарушувања, воспитанието и образованието, како и социоекономските аспекти на лицата со вакви нарушувања.
Целта е да се зајакне комуникацијата на едукаторите, истражувачите, медицинските лица и родителите, да се разменат искуства и сознанија и да се дадат предлози за унапредување на дијагностиката и рехабилитацијата и едукацијата на децата со первазивни развојни нарушувања.