Прв случај на коронавирус во Романија

Во Романија е потврден првиот случај на коронавирус кај едно лице кое пред три недели се вратило од Италија, објави денеска локалната телевизија Реалитатеа плус, јави БГНЕС.

Телевизијата, повикувајќи се на медицински извори, објави дека заразеното лице се наоѓа во карантин во болницата за инфективни болести „Матеј Балс“ во Букурешт.

Раководството на болницата засега не ја коментирало информацијата.

Од коронавирус досега починале повеќе од 2.600 луѓе, главно во Кина, од каде вирусот се прошири во 29 држави. Бројот на потврдени зарзени лица надмина 80.000.

Најтешка ситуација на европска територија е во Италија, каде досега починаа десет лица, а повеќе од 320 се зарзени.

Во Италија живеат и работат околу 1,3 милиони Романци.