Прв случај на коронавирусот потврден во Пехчево

Првот случај на зараза со новиот тип коронавирус е регистриран во Пехчево, доцна вечерта во неделата објави градоначалникот Драган Тренчовски, како и самиот заразен пациент кој е вработен во пехчевскиот Здравствен дом.

„Денес, кога на територијата на пехчевскиот регион е дијагностициран првиот инфициран пациент со корoнавирусот, чувствувам потреба како градоначалник на општина Пехчево, но пред се како ваш сограѓанин, да ве повикам на смирено и разумно однесување. Оваа реалност, наместо паника и ширење дезинформации, од сите нас бара да покажеме висок степен на сериозно и одговорно однесување, целосно почитување на мерките и препораките на институциите и грижа за сопственото здравје и здравјето на вашите најблиски. Апелирам да се почитува личноста и угледот на секој поединец независно дали е инфициран, тестиран, во самоизолација или во хотелски карантин“, објави на својот фејсбук профил  Тренчовски.

Иако градоначалникот не даде дополнителни поединости за лицето кај кое е потврден коронавирусот, тоа самото на социјалните мрежи се јави со реакција. Во неа појаснува дека симптомите ги почувстувал пред речиси една седмица и самиот инсистирал да биде тестиран, и во четвртокот бил на тест во Центарот за јавно здравје во Кочани по што било потврденои дека е инфицијаран.

„Ми фрлифте анатема за корона вирусот, ме издвојувате од заедницата и ме предавате на милост или божји суд .Читам најразлични коментари од исмејување, цинизам, па дури и непристојности. Ги ширите вашите негативни коментари побрзо и од корона вирусот, а некои и дури како да чувствуваат задоволство.

Ќе ви раскажам што всушност се случи, како поука за секого и пример како да се однесувате ако се посомневате дека сте го добиле овој вирус. Нормално во епидемиолошката анкета треба ретроградно да го вратите филмот со кој сте контактирале, кај сте биле, со кого сте се задржале повеќе од 15 минути итн.
Во последните 20 дена знам дека мојата релација на движење била Здравствен дом Пехчево дома и клиниките во Скопје каде како должност и работа носевме пациенти на кои им требаше вистинска помош и никаде на друго место.Тоа значи дека вирусот е добиен од некоја пациентка која бил сместен на некоја од клиниките кај што ги сместував нашите пациенти (дезинфекција на раце, носење маски и ракавици и да не зборувам . Несакав да ги посетам ни моите родители дека се во ризична група а знаејки каква работа работам
Кои и да е никој не сака да го пренесол вирусот и не постои начин како да се одбраните, а кога ќе го добиете наместо да се браните од вирусот кога ви е најтешко, Вие се браните од коментарите на сите оние кои барем еднаш во животот имал потреба од здравствените работници
Пред 6 дена во неделата почувствував малаксалост и мал напад на треска кој траеше 30 мин .Имав температура 37.4 ја излечив со Парацетамол. Наредниот ден утрото инсистирав да ми се направи тест за присуство на корнона вирус.Многу показатели ми покажаа на бактериска инфекција Со тоа решив да се тестирам за да ги заштитам колегите ,пациентите мојата фамилија и сите граѓани се самоизолирав без препорака со договор до моите колеги кои ми ги земаа смените на работа Отидов во четврток за да се тестирам во јавно здраравје Кочани кои иако се осеќам добро резултатот се покажа како позитивен . Чувството дека мора да исклучам евентуално постоење на кога се покажа дек сум корона позитивен.
Од сево ова почитувани сограѓани извлечете заклучок: Колкава била мојата совест за да спасам многу луѓе и пациенти со кои би се среќавал во текот на денот. Мој совет за сите Вас – со оглед на тоа дека болеста има 4 клинички слики (лесна средна тешка и најтешка) при најмал сомнеж за добивање на овој вирус, бидете упорни, тестирајте се, за да исклучите негово постоење. Само така ќе спасите многу животи. Моја обврска е да спасувам животи, спасив многу животи на поинков начин.
Направете го и Вие тоа. Ќе бидете херои.“, пишува пехчевецот.