Прв случај на Кракен вирусот во Црна Гора

Во Црна Гора денеска е потврден првиот случај на зараза со подсојот на омикрон XBB.1.5 (кракен), соопшти Институтот за јавно здравје.

Со тоа, како што се наведува во соопштението од Институтот, Црна Гора се приклучи на листата на земји каде е регистрирана мутација на високо заразниот сој.

XBB.1.5. е нова подваријанта на омикрон создадена со комбинирање на другите две подваријанти на овој вид.

„Кракен“ прв пат е регистриран во октомври во САД, каде моментално доминантно циркулира.