Прв случај на мајмунски сипаници на Кипар

На Кипар е регистриран првиот случај на мајмунски сипаници во земјата и станува збор за 40-годишен маж кој патувал во странство.

Од Министерството за здравство на Кипар соопштија дека случајот е потврден по молекуларен лабораториски преглед во микробиолошката лабораторија на општата болница во Никозија и веднаш биле спроведени соодветните протоколи.

Лицето е хоспитализирано во специјален простор во болницата и се следи неговата состојба.