Прв случај на мајмунски сипаници во Германија

Институтот Роберт Кох потврди дека во Германија е регистриран првиот случај на мајмунски сипаници.

Заразениот бил откриен минатиот петок и се заразил во странство, пишува Билд.

Случајот бил откриен во Келн, а пациентот е 33-годишен маж кој бил изолиран откако бил примен во болница на 12 октомври, изјави министерството за здравство на северната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија.

Резултатите од подеталното тестирање покажаа на 18 октомври дека пациентот имал “клад 1b2”, нов вирус кој е поврзан со глобалната здравствена криза објавена од Светската здравствена организација во август.

Сегашната епидемија потекнува од Демократска Република Конго и се прошири во соседните земји во Африка.

Норвешките лекари го дијагностицирале вирусот на мајмунските сипаници, варијанта на Клад 2, кај двајца пациенти во главниот град Осло, изјавија од градот Осло во понеделник.

Мајмунска сипаница е вирусно заболување откриено во далечната 1958 година, пишува „АП“, а е поврзано со сега искоренетиот вирус на сипаници. Може да се пренесе преку близок контакт како што се допирање, бакнување или интимен однос, како и преку контаминирани материјали како постелнина, облека и игли.