На Косово е забележан првиот случај на „Mpox”“, болест која уште се нарекува и „мајмунска сипаница“, јавуваат тамошните медиуми.
Институт за јавно здравје од Косово соопшти дека на 26 декември лабораторијата за микробиологија преку ПЦР тест утврдила дека 30-годишен маж е заразен со овој вирус и тој веднаш бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Приштина.
Како што пренесува порталот „Телеграфи“, овој човек неодамна престојувал во Африка, а имал треска и промени на кожата на лицето и рацете и симптоми на чешање.
Пациентот е во стабилна состојба, а се проверуваат сите контакти што ги имал досега, како и контактите на членовите на неговото семејство.