Вирусот на мајмунска сипаница е потврден денеска во Србија. Првиот случај на зараза е машко лице кое допатувало од Германија, пишува „Блиц“.
Лабораториска дијагностика беше спроведена во Институтот за вирусологија, вакцини и серуми Торлак. Како што се наведува, територијално надлежниот Завод за јавно здравје изврши епидемиолошко испитување на случајот и спроведени се сите мерки на евидентирање, тестирање, пријавување и контрола на натамошното ширење на инфекцијата согласно стручните методолошки упатства.
Во согласност со меѓународните здравствени регулативи и протоколи, првиот потврден случај на мајмунски сипаници е пријавен во меѓународни здравствени институции.
Зариженост за ширењето на мајмунските сипаници изрази и Светската здравствена организација (СЗО).
– Во време кога влегуваме во летната сезона – со собири, фестивали и излети, се плашам дека преносот ќе се забрза – изјави претходно директорот на Светската здравствена организација за Европа – Ханс Клуге.
Пошироката јавност во нашиот регион веројатно никогаш не слушнала за оваа болест во последните месеци, но на епидемиолозите им е позната со децении, иако се сметаше дека најмногу е ограничена на Африка.