
Првиот случај на западнонилска треска е потврден денеска во Србија, соопшти Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“. Според соопштението на тој институт објавено на нивната веб-страница, болното лице е од територијата на јужнобанатскиот округ.
Западнонилската треска е сезонско заболување, односно болест која е најзастапена во периодот на најголема активност на векторите – комарците, а периодот на нивната интензивна активност е од крајот на мај до септември, објаснуваат од „Батут“.
Од таму посочија дека интензивен надзор на западнонилската треска кај човечката популација се врши од јуни до првата половина на месецот, а според досегашните искуства, најголем број случаи се пријавени во текот на август.
Во периодот од 2012 до 2021 година, на територијата на Србија се регистрирани вкупно 1.050 случаи на заболени од западнонилска треска, а во истиот период евидентирани се 101 смртен случај што може да биде поврзан со заболување од оваа треска.
Во текот на сезоната на надзор од 2021 година, во Србија се пријавени вкупно 18 случаи на западнонилска треска кај човечката популација, а вкупно 139 случаи се регистрирани во земјите на ЕУ.