Прва израелска жртва во копнената операција во Газа

Израел денес ја објави својата прва жртва откако минатата  ноќ отпочна копнена офанзива на Појасот Газа – еден војник загинал во текот на тешките борби во енклавата која е под управа на милитантниот палестинско движење Хамас.

Израелската армија соопштила дека војникот е убиен на севеrот на Појасот Газа, но дека околностите за неговата смрт сеуште не се познати.

Војската соопштила дека 50 проектили се испукани од Газа откако е отпочната копнената опрација. Отакако се отпочнати  борбите минатат седмица, на Израел удриле повеќе од 1500 ракети.

Израелските авиони нападнале повеќе од 2000 мети во Појасот Газа. Еврејската држава ја интензивирала својата единаесетдневна воена кампања против лидерите на Хамас со тоа што доцна синоќа отпочнала копнена офанзива на Појасот Газа.

Акцијата следувала после непрестајните ракетни напади од Газа на градовите во внатрешноста на Израел, а особено откако Хамас го отфрлил египетскиот план за прекин на огнот кој бил предлижен оваа седмица.

Повеќе од 250 Палестинци загинале од почетокот на израелската воена кампања. Во ракетните напади на Хамас загинал еден израелски цивил.