Прва меѓународна конференција во рамките на Преспа форумот за дијалог на 1 и 2 јули во Охрид и Отешево 

34

Околу триста учесници од целиот регион и меѓународната заедница, меѓу кои премиери, претседатели, министри и генерални секретари ќе учествуваат на Првата меѓународната конференција во рамките на Преспа форумот за дијалог „Западен Балкан: делот што недостига за Европа да биде целосна”, што ќе се одржи на 1 и 2 јули годинава во Охрид и Отешево.

Конференцијата официјлано ќе ја отвори премиерот Зоран Заев, а говорници ќе бидат поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, медијаторот во спорот со Грција, Метју Нимиц, претседателот на Собранието ,Талат Џафери, лидерот на ДУИ Али Ахмети, помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи, Федерика Могерини, министерката за одбрана Радмила Шекерински, поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, поранешниот специјален претставник на ЕУ, Ален Ле Роа, еврокомесарот Јоханес Хан.

Во првиот дел ќе се одржат повеќе сесии, посветени на економијата и бизнис соработката, граѓанското општество и медиумите во регинот и во процесот на европската интеграција. Ќе се зборува за младите и нивната визија за иднината на регионот на Југо-источна Европпа, потоа за жените, мирот и стабилноста – поглед од Западен Балкан, за градењето доверба преку дијалог, како и за улогата на Западниот Балкан во иднината на Европа и поуките од долгогодишните спорови во Југоисточна Европа.

На конференцијата, ќе учествуваат и Специјалниот претставник на САД за Балканот, Метју Палмер, претседателот Стево Пендаровски, како и претседателите на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ и на Словенија, Борут Пахор, премиерите на Србија, Ана Брнабиќ, на Косово Албин Курти, на Албанија, Еди Рама и други.

Преспа форумот за дијалог е платформа за нашата приказна гласно да зборува во целиот свет, а целта е промоција на демократскиот дијалог низ примерите на Охридскиот рамковен договор, кој годинава слави 20-годишнина, Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија, кои како што порача денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи, не се конечни решенија, туку се рамка за уредување на одредени прашања кои понатаму се прилагодуваат на тековните случувања.

„Ова е далеку најголем настан што сме организирале, кој претставува предизвик од секаков аспект, од организационо технички, протоколарен па се до политички предизвик да се биде домаќин на највисоките гости од регионот од Европа и од САД.  Амбициозна конференција од меѓународен карактер со навистина импресивна листа на поканети гости од кои голем број веќе го потврдија своето присуство. Меѓу нив се скоро поголемиот број од премиерите во регионот, секако министри за надворешни работи, министри за економија, министри за финансии итн., претставници на ЕУ, претставници на бројни мултилатерални организации, на регионални иницијативи, претставници на земји членки на Унијата, претставници на САД“, изјави Османи.

Најави дека пред стартот на конференцијата на 30-ти јули ќе се одржи неформален состанок на платформата Б6, на која министрите за надворешни работи на земјите од западен Балкан ќе имаат ткн. „средба без вратоврски“.

„Мојата интенција е овој неформален формат, слично како што се и другите европски формати како В4 или Ц5, да стане редовна активност на министрите од регионот, каде ќе можеме неформално да разменуваме мислења, информации и да предлагаме идеи за сите предизвици и можности во рамки на меѓусебната соработка“, рече Османи.

Прашан, дали од самата средба ќе има некои освоени декларции или заеднички изјави, Османи истакна дека платформата Б6 не е директно поврзана со форумот и нема да се усвојат закличоци и декларации, меѓутоа ќе биде можност за воспоставување на редовен дијалог меѓу министрите од регионот и пред се да се покаже степен на зрелост од регионот.

„Од самата конференција, која што очекуваме, да биде содржајна и во идеите и иницијативите, да се преведат во т.н. политички насоки или препораки, кои ќе може да послужат и како основа за други иницијативи, основа за континуитет на оваа платформа, но и порака кон ЕУ и трасатлантската заедница“, изјави Османи.

Во однос на најавеното присуство на генералниот директор на бугарската дипломатија и пораката која се праќа со тоа ниво, Османи рече дека тоа што е „важно е дека има претставник“ од Бугарија и тоа зборува за важноста на оваа конференција, а тоа е да се даде почит на „автентичната приказна“ што ја создаде Македонија.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.