Прва МФЛ: Дербито Силекс-Шкендија без победник

Без тектонски поместувања по одигрувањето на  13.коло во ПМФЛ откако повеќето од натпреварите завршија без победник.
На дербито за врвот што се одигра во Кратово Силекс и Шкендија одиграа 1-1 во допадлив меч во кој сите дилеми се решаваа во второто полувреме кога гостите први го отворија резултатот преку Дориев. Во продолжениот Силекс нападна и израмни преку небескиот скокач Обадовиќ. Кратовци уште пповеќе го зголемија притисокот откако останаа со играч повеќе но не дојдоа до гол за победа.
Нерешените резултати во Кратово и Струга не успеа да ги искористи ниту шампионот Шкупи кој беше на прагот на триумф во Ѓорче Петров откако поведе преку Адетунџи но потклекна во 91. минута кога Самаке со еврогол  донесе израмнување за конечни 1-1 и на оваа средба.
Единствената победа во оваа рунда ја оствари Тиквеш кој ја совлада минимално прилепска Победа со голот на Карчески.
Интересно беше во Струга каде Брегалница однесе бод со резултат 2-2. Лидерот поведе со голот на Укпа, фантастичен гол од 30 метри. Потоа гостите направија пресврт со головите на Ѓорѓиев и Ристевски, за да Ибраими сепак успеа да му донесе бод на својот тим.
Работнички просто ја демолира А.Пандев и триумфираше со  0:2 и тоа со головите на Рушевиќ и Гандо, откако претходни Алими ја погоди пречката на домашните .  По мечот тренерот на струмичани Александар Васоски поднесе оставка на функцијата.
РЕЗУЛТАТИ – 13.КОЛО
А.ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ 0:2
(/Рушевиќ 19, Гандо 74.)
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ 1:1
(Самаке 90+1/Адетунџи 45.)
СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА 1:1
(Обадовиќ 68./Дориев 59.)
СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА 2:2
(Укпа 22., Ибраими 79. /Ѓорѓиев 24., Ристевски 52.)
ТИКВЕШ – ПОБЕДА 1:0
(Карчески 37.)
СКОПЈЕ (СЛОБОДНО)