Прва плажа во Грција со забрана за пушење

Една плажа на југозападниот дел од грчкиот остров Серифос во Егејското Море, воведува забрана за пушење и набргу ќе стане првата грчка плажа исклучиво за непушачи. Тоа е е некомерцијална песочно -камена плажа со кристално чисто море и е заштитена од меѓународната еколошка мрежа Натура 200.

Станува збор за пилот проект кој ова лето започнува во соработка со локалните власти и општината Ласкаридис. Акцијата за забрана се одвива во рамки на еколошката програма чија цел е да се тргнат цигарите од грчките плажи и да се спречи загадувањето на морето.

Во текот на чистењето на плажите во Серифос во изминатите две години е утврдено дека токму цигарите се најчест отпад кој останува зад бројните туристи.

Во рамки на програмата локалните власт ќе формираат контролирана област за уживање во тутун, додека инсталираните пепелници ќе пренесуваат порака за важноста од зачувување на околината.