Прва победа на Марк Маркез ова сезона

Попвеќекратниот светски првак Марк Маркес конечно се врати на победите.

Членот на Репсол Хонда победи на денешната 8-ма трка во Мото ГП шампионатот, возена за Големата награда на Германија.

До својата прва овосезонска победа, а вкупно 58-ма во кариерата, Шпанецот стигна пред Мигел Оливеира од Ред Бул КТМ и Фабио Квартараро одф тимот на Јамаха.

Французинот, Квартараро останува лидер во генералниот поредок сега со 131 бод, Жоан Зарко кој има 109, односно Милер кој собреа точно 100 бода досега.