Првачињата во Лисиче останаа дома, зашто надлежните уште не можат да го завршат училиштето

Во сите скопски населби денеска првачињата со насмевки на лицата пристигнаа во своите училишта. Денес само запознавање, а од утре настава во училниците, дружење со другарчињата.

Првачињата од скопската населба Лисиче можат само да гледаат фотографии и да слушаат искуства од своите врсници. Тие се единствените првачиња во Скопје, кои немаат среќа да уживаат во првите училишни денови.

Како во минатиот век, тие немаат училиште.

„Со среќа првачиња, но првачињата во населба Лисиче ја немаат таа среќа да започнат со настава поради неспособноста на надлежните коишто не успеаа да го изградат ООУ„Димитар Македонски“-Скопје после цели четири години“, пишуваат родители од оваа населба на социјалните мрежи.