
Луѓето од СОРОС и СДСМ порано тврдеа дека ограничувањето на правото за помилување е противуставно. Но, сега манипулираат и прават протести, пишува „Курир“.
Порталот потсетува на текстот каде жестоко се бранеше правото на помилување вклучително и дела кои опфажаат изборни инциденти, а кој беше напишан од Гордана Дувњак која е позната како член на структурите на СОРОС и поддржувач на политиките на СДСМ.
Текстот е објавен во Утрински весник и е насочен токму во насока на барање на она што се случува деновиве. Дувњак во својот текст освен со своја констатација, ваквите тези ги покрива и со земање на изјави од експерти, пишува „Курир“ и објавува дел од текстот објавен во Утрински весник во 2009-та година:
Ограничувањето на правото на претседателот на државата да дава помилување е противуставно, тврди професорот во пензија и поранешен член на Републичкиот судски совет, Љупчо Арнаудовски. Тој смета дека доколку се донесат измените и дополнувањата на Законот за помилување, што ги предлага Министерството за правда, тие можат лесно да паднат на Уставен суд.
Со ограничувањето на правото на помилување се губи смислата на овој институт, кој во основа е многу стар и потекнува уште од кралско време, со кој се покажува волјата, но и милоста на суверенот.Не случајно шефот на државата дава помилувања во пресрет на големи празници, како Илинден, 8 Септември, Нова година.., нагласува професорот Арнаудовски.
Токму Гордана Дувњак во текст во 2009-та година кој е реакција на иницијативата на измените предложени од ВМРО-ДПМНЕ со кој помилувањето за изборни инциденти ќе се оневозможи, жестоко го напаѓа како против уставно. Денес после 7 години истите манипулираат и се прават дужегрижници за истата работа која тогаш ја прикажувале за противуставна.
Токму соросовата мрежа на невладини организации организираа протести против прифаќањето на иницијативата за испитување на уставноста на законот.