![krv-katalonija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/10/krv-katalonija.jpg?resize=475%2C323&ssl=1)
Локалните и странските медиуми во неделата претпладнето ги емитуваа првите кадри од насилства од шпанската покраина Каталонија каде се одржува референдум за независност, проследен со бројни инциденти и судири на граѓаните и полицијата.
Шпанската цетрална влада се обидува да го спречи референдумот со ангажирање на големи сили од Цивилната национална гарда и интервнетната полиција, додека од друга Каталонците не се откажуваат од закажаниот референдум.
На избирачкото место во колеџот Жауме Балмес во Барселона во судир со полицијата се повредени неколку лица, обајви весникот El Pais.
Полицијата ширум Каталонија насилно упаднувала на избирачки места и запленила гласачки ливчиња и кутии.
Покрај заплената на избирачките кутии и гласачките ливчиња, полицијата има налог да избегнува употреба на сила, и само да ги предупреди луѓето да ги напуштат избирачките места. Организаторите на референдумот, пак, ги повикаа гласачите на мирен отпор доколку упадне полицијата.
Следете во живо