Според најновите проекции на идниот состав на Европскиот парламент, Европската нардодна партија (EPP) останува најсилната групација но со 46 мандати помалку отколку што имаше досега, а социјалистите и демократите од (S&D) се втори со 40 мандати помалку од досегашниот состав.
Според излезните анкети од седумте земји членки во кои до неделата се гласаше и 21 членка во кои се гласаше во неделата, Европската нардона партиај (EPP) добива 176 мандати, што е 40 пратеници помалку отколку досега. Социјалистите и демокатите (S&D) добиваат 149 места, односно 38 мандати помалку.
Либетралите заедно со пратениците од листата на францускиот претседател Емануел Макрон би требало да имаат 103 мадат, 34 повеќе отколу што досега имаше ALDE, но пред пет години на изборите не учествуваше партијата на Макрон.
Групацијата Европа на нациите и слободата, во кога се Лига на Матео Салвини би имача 71 места, 35 мандати повеќе. Во оваа групација би требало да се калкулираат и гласовите на партијата на Марин Лепен, Национален собир која победи во Франција и најверојатно ќе има 24 пратеници во Ервопскиот парламент, а можеби и на партијата Фидеш на унагарскиот премиер Виктор Орбан која има 56 отсто од гласовите и 21 мандат.
Европските конервативци и реформисти во која досега беа пратниците од Конзеративната партија има 59 мандати, 18 помалку. Досегашната пратеничка група на Европа на слободите и директната демократија, во која е европскептичната и антиестблишмент италијанска партија Движење пет ѕвезди и паријата Брекзит на Најџел Фараж има 48 места, шест повеќе од досега.
Обединетата европска левица – Нордиската елена левица (GUE), добила 46 мандати, шест помалку од досега.