Први случаи на коронавирус во Португалија, Исланд, Андора и во Рим

Во Португалија денеска се регистрирани првите два случаја на коронавирус на своја територија.

Еден од заразените неодамна патувал во Италија, а другиот се вратил од Шпанија. Двајцата се примени в болница во градот Порто.

Првите три случаи на Ковид-19 се потврдени и во Исланд, соопшти доцна синоќа исландската Служба за цивилна заштита и справување со кризи. Тројцата заразени биле на одмор во Италија.

Дваесет годишно момче, кое било во посета на Милано, е првиот случај на заразено лице со коронавирус во Андора, соопштија властите.

Прв случај на коронавирус денеска е регистриран и во Рим. Станува збор за полицаец, кој претходно престојувал во регионот Ломбардија, потврдија локалните власти.

Индиските власти соопштија денеска за нови два случаја на коронавирус, со што вкупниот број на заразени во Индија изнесува пет лица.