Иако можеби мислете дека преку ноќ се ќе се смени и дека повторно ќе почнете да ги чуствувате „пеперутките“ во стомакот најважно е повеќе да не се залажувате.
Ако се пронајдете себи си во овие знаци, тоа значи дека повеќе не сте вљубени и дека повеќе не ви е дојдено до партнерот.
- Што и да направи тој, вам ви оди на нерви.
- Во последно време, вие сте таа што постојано започнува да се расправа, постојано му одите контра и може да му се лутите и по неколку дена!
- Немате волја да седнете со него и да разговарате за тоа како ви поминал денот. Порасположени сте да излезете со пријателките на кафе и да разговарате за тоа.
- Повеќе не се радувате на тоа што заедно гледате филмови, вежбате, готвите, шетате и слично.
- Повеќе не се трудите да најдете време за него, но тоа не е проблем за другите луѓе во вашиот живот.
- Повеќе не слушате кога тој нешто говори, затоа што сите негови приказни ви се здодевни.
- Порано тој ви недостигаше штом ќе се разделевте. Сега помислатана тоа дека цел викенд ќе го поминете без него ви се чини мошне забавна и релексирачка.
- Сексот стана само „работа“ што мора да се сработи.