Првиот Британец заразен од ебола пристигна дома

Првиот Британец заразен со ебола пристигна во Велика Британија од Сиера Леоне.  Воениот транспортен авион С-17 слета во воената база „Нортхолт“ во Западен Лондон.

Пациентот, чиј идентитет не е објавен, ќе биде пренесен во Кралската слободна болница во северниот дел на градот. Тоа е единствениот медицински центар во земјата што има неопходно ниво на изолација за лекување на заразни болести, како што е еболата.

Британскиот граѓанин живеел постојано во Сиера Леоне.

За време на полетувањето од африканската земја неговата здравствена состојба била задоволителна, соопшти британското министерство за здравство.