Првиот брод со хуманитарна помош за Газа исплови од пристаништето на Кипар

Брод со хуманитарна помош за Газа исплови од Ларнака, објави World Central Kitchen (WCK) – непрофитна невладина организација посветена на обезбедување оброци во екот на природните катастрофи.

WCK, заедно со ОАЕ и Кипар, испрати над 200 тони храна на „Open Arms“, брод што припаѓа на истоимената шпанска хуманитарна организација.

Бродот ќе се закотви долж брегот на Газа јужно од градот Газа на пристаништето изградено од WCK.

Организацијата е одговорна за дистрибуција на храната до цивилите во Газа, изјави израелски функционер за The Times of Israel.