Првата пратка со украински житарки според договорот, пристигнала во вторникот вечерта пред северниот брег на турскиот мегалополс Истанбул, пренесуваат медиумите.
Товарниот брод „Razoni“, кој плови под знамето на Сиера Леоне, исплови во вторникот утрото од јужното украинско црноморско пристаниште Одеса, со 26.000 тони пченка наменети за Либан и ноќта ќе ја мине вкотвен во близина на турскиот брег. Во средата утрото меѓународен тим ќе ги прегледа на влезот од Босфорскиот теснец, соопшти турското министерство за одбрана.
Ова е првиот извоз одобрен врз основа на договорите кои Украина и Русија ги потпишаа со Обединетите нации со посредување на Турција на 22-ри јули во Истанбул. Со него се создаваат безбедно коридори за пловидба низ Црното Море, а според ОН со овој извоз ќе се стабилизира светскиот пазар на храна.
Бродот долг 186 метри се приближил кон турскиот брег околу 19 часот по локално време.
Прегледот на товарот кој го бараше Русија за да се осигури дека со бродовите во украинските пристаниште на се превезува оружје, ќе го спроведе „делегација составена од турски, руски, украински и претставници на ОН, по што бродот ќе ја продолжи пловидбата“, изјави за новинарите турскиот адмирал Езџан Алтибулак, началник на Заедничкиот центар за координација кој ги надгледува операциите.