Првиот човек на ФИА сака тим од Кина во Формула 1

Претседателот на Светската автомобилистичка федерација (ФИА), Мохамед бин Сулејем изјави дека би сакал да види тим од Кина во Формула 1.

– Последниве две години сонував за големите земји кои ќе влезат во Формула 1. Сега ќе имаме тим од САД, кој ќе се натпреварува со поддршка на „Џенерал Моторс“. Следниот чекор е да се привлече кинески производител на автомобили. Отсекогаш сум велел дека ни требаат помалку трки и повеќе тимови. Многумина беа против оваа одлука, но се покажа дека е добра за нашиот спорт“, изјави Бин Сулејем во интервју за „Фигаро“.

Од 2026 година, во светскиот шампионат во Формула 1 ќе се приклучи Кадилак како 11-ти тим.