Израелската воздухопловна компанија „Israir Airlines“ во неделата, првпат со директен лет ги поврза Израел и Мароко, седум месеци откако двете земји со договорот постигнат со посредство на Вашингтон ги нормализираа меѓусебните односи.
Авионот со 100 патници полета во неделата утрото од Тел Авив кон Маракеш, туристичката престолнина на Мароко, соопшти портпаролката на компанијата Тали Лејбовиц. Додаде дека предвидени се два до три леда седмично меѓу овие два града.
Мароко беше четвртата арапска муслиманска земја којашто ги нормализираше односите во дкември минатата 2020 година, по Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Судан со посредувањето на тогашниот американски претседател Доналд Трамп.
Првиот директен лет со кој од Тел Авив во Рабат допатуваа израелските функционери беше изведен во декември 2020 година, по потпишувањето на низата билатерални договори меѓу Мароко и Израел.
Минатата седмица израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид го најави патувањето во Мароко по отвоањето на директната воздушна линија, но не го наеде датумот.
Лапид постата ја најави неколку дена откако конзорциумот меѓународни медиуми разоткри дека израелски софтвер за прислушување новинари, активисти и опозицијата го користеле странски држави, а меѓу нив е и Мароко. Мароканската влада ги отфрли наводите дека ја користела израелската програма „Pegasus“ за шпионирање новинари, Мароканци но и странци.