Првиот германски авион за евакуација од Судан слета во Берлин

Првиот германски воен авион со луѓе евакуирани од зафатениот со борбите на ривалските војски Судан, слета во Берлин, соопшти Министерството за надворешни работи.

Во авионот имало 101 германски државјанин и членови на нивните семејства, како и државјани на земјите партнери, соопшти Министерството. По слетувањето во Јордан, патниците во германската престолнина пристигнале во 6,15 часот.

Како и другите земји, Германија започна воена евакуација во неделата.

Вкупно три авиони „Airbusс А400М“ на Бундесверот полетаа за Судан за да ги преземат луѓето коишто треба да бидат евакуирани.

Германските вооружени сили и Министерството за надворешни работи се обидуваат да пренесат вкупно повеќе од 300 германски државјани, запишани на кризната листа заедно со државјаните на земјите партнери, доколку е можно.

Во мисијата на разни нивоа се вклучени повеќе од 1.000 членови на Бундесверот.