Од страна на источниот сосед Република Бугарија, земја членка на Европската Унија, се негира македонската историја постоење, идентитет, јазик. Ваквите бугарските размисли на негирања и сфаќања е нецивилизиран чин. За ваквите бугарски сфаќања, да се негира македонско постоење, идентитет, цивилизираниот свет ќе каже дека не се својствени за современите напредни држави, а како што милуваат да кажат европските држави, не се европски вредности. Да, не се европски вредности и цивилизирани вредности! Затоа добро е да размислат европските земји кои се членки во ЕУ?! Посебно би истакнал на главните политички играчи кои ги водат европски земји.
Ние, Македонците, треба да сме горди на нашата македонска историја, нашиот македонски идентитет, јазик кој се негува и се пласира низ Балакнот, Европа и светот. Тој наш амбасадор е токму Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при УКИМ-Скопје. Со неговите активност започнува уште од далечната 1967 година, до ден денес. Досега се одржани 53 летни школи и две зимски школи, на кои учествувале повеќе од 4.000 учесници од над 60 земји, меѓу кои истакнати македонисти, професори по македонски јазик и литература на странски универзитети, слависти, балканисти, преведувачи, научни работници и студенти што го изучуваат македонскиот јазик во нашите лекторати и универзитети во светот.
Овој наш најголем македонски амбасадор во рамките на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при УКИМ-Скопје, секоја година организира МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА, на којашто странските и и македонските македонисти, слависти и балканисти ги соопштуваат своите истражувања од областа на јазикот и литературата, така што на Меѓународната научна конференција на 3 и 4 септември 2021 година во Охрид, главна тема беше 100 години од раѓањето на Блаже Конески- стожер на македонскиот јазик, литература и култура.
На втората зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ-Скопје, одржана на 24 до 29 јануари, учество зедоа над 40 странски македонисти и слависти од седумнаесет земји, преку виртуелната настава на Школата, кои ги продлабочуваат своите познавања и ги согледуваат новите предизвици за своите проучувања за македонскиот јазик, литература и култура.
На оваа зимска Школа, пријавени учесници беа од универзитетските центри на Австралија, Бугарија, Велика Британија, Грција, Италија, Полска, Руската федерација, Соединетите Американски Држави, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Канада, Косово, Босна и Херцеговина,Унгарија, Франција.
Големиот интерес на учесниците за Школата од една страна е потврда за интересот за изучување на македонскиот на водечките универзитетски центри во светот. Од друга страна е интересот кон делата на нашиот Блаже Конески за македонскиот јазик, литература и култура. И аманетот на Блаже Конески, дека: „Јазикот е нашата единствена татковина“. Тука да го подвлечам и големиот Петре М Андреевски: „Без јазикот ќе си недостигаме самите на себе, оти само јазикот никогаш не не’ оставил сами и тој памети многу повеќе отколку што ние можеме да забораваме“.
И затоа, почитувани читатели, а и вие политичари (читајте политиканти) да знаете дека – опстојбата на македонската општественост се должи исклучиво на образованието, на континуираното духовно и културно просветлување, од првиот Светиклиментов универзитет, преку македонската преродба во 19 век, до обновувањето на МПЦ и формирањето на УКИМ и МАНУ. Климент Охридски им велел на своите ученици: „Чувајте го ова што ви го давам! И запомнете – ви го давам за вие понатаму да го давате на народот. И да го браните од туѓинци. А, најубавото ќе го одбраните кога нема да посегате по туѓото“!. Затоа вие политичари што сакате да ја бришете Историјата, ќе нема прва, втора светска војна. Ќе нема кои биле окупатори во Македонија, сите кои дошле биле администратори, ослободители. Така бараат Бугарите. Па ни велат „вие Македонците имате бугарски корени“. Велат вие Македонците „сте измислени од Тито. Се’ пред 1944 година било бугарско“… Но, затоа учесниците на Школата од универзитетските центри знаат за нашата македонска посебност историја, идентитет, јазик и со право ни велат дека: „Словенската писменост во Словенските земји е дојдена од македонската земја“, „Бидете горди на Македонија“, „Името ви е големо“….
Затоа, сите аманети од Климента, Мисирков, Конески… и други наши македонски дејци, треба да е поттик во натамошната работа на нашиот духовен, образовен, културен напредок, затоа ја имате целата подршка да продолжите да се развива и шири македонистиката само напред и незапирливо НАШИ АМБАСАДОРИ преку МСМЈЛК.
Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес