Во воведниот натпревар од новата сезона од Бундеслига, во кој на 13-ти август Борусија Менхенгладбах го пречекува шампионот минхенски Баерн, ќе може да го следат 23.000 домашни навивачи но под услов да нема значително влошување на епидемиолошката ситуација со коронавирусот.
Станува збор за малку помалку од половината на капацитетот на стадионот „Борусија Парк“, кој прима 54.000 гледачи. Клубот дозволата за половична пополнетост на трибините ја добил до здравствените власти на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија.
Сите кои ќе сакаат да го следат натпреварот во живо ќе мора да имаат еден од трите исполнати услови, да оздравеле од Covid-19 во минатот, а се вакцинирани или да се тестирани на коронавирусот, а на стадионот ќе мора да носат заштитни маски за лицето.