Кенет Каунда, првиот замбиски претседател кој ја водеше својата земја 27 гоини и кој беше предовoдник на борбата против апартхејдот и СИДА-та во Африка, почина во 97-та година од животот.
Каунда се лекувал од воспаление на белите дронбови во медицинскиот центар „Марина Соко“, воена болница во престолнината Лусака. Не бил заразен со Covid-19, известуваат локалните медиуми.
Веста за смртта на Кенет Каунда ја објави на фејсбук профилот на починатиот поранешен претседател неговито син Камараге, едно од неговите осум деца.
Во педесеттите години од минатиот век, Каунда беше клучната фигура од двиижењето за независност на тогашната Северна Родезија од Велика Британија. Станува претседател на Замбија по прогласувањето на независноста на земјата во 1964 година.
Како челник на првата земја во регионот којашто раскина со европските колонизаторие, Каунда вложуваше силни напори и да ги повлече и другите поранешни колонии во насоката по којашто тргна Замбија.
Како лидер на Обединетата партиаја на национална независност (UNIP), која притежнуваше кон левицата, Каунада ја предводеше земјата низ децениите во еднопартискиот систем.
Син на презбетеријански свештеник и учител, Каунда беше сметан за едн од последните живи африкански борци против колонијализмот. Неговата долговечност се припишуваше на неговата определба за вегетаријанска исхрана, не пушел и не консумирал алкохол, па дури ни силни чаеви и кафиња, а пиел само природни сокови и се занимавал и со спорт.
Со воспоставувањето на еднопартискиот режим, економската стагнација и раширената корупција во земјата, во Зимбабве се разви отпор кон неговата политика. Поради тоа беше поразен на изборите во 1991 година. Неговиот син Тилиенџи Каунда го замени на челото на UNIP во 2001 година и ја водеше партијата до 5-ти април 2021 година,
Откако се повлече од политиката, се активираше во хуманитарната дејност преку фондација за деца, организација која се заниамва со справувањето со СИДА-та. Јавно објави дека еден од неговите синови починал од оваа болест.